.


.









 

06:00 - 07:00 УТРИНСКИ ЕКСПРЕС
Првите информации во денот ги слушаш на 106ка!

07:00 - 10:00 BREAKFAST SHOW
Во најслушаното утринско шоу во градот се дружите со Билјана и Кочо. Содржините се поразновидни од сите други емисии и термини на 106-ка, со информации за дневните случувања во градот, информации од градските институции, вести од земјата и светот, од науката, технологијата, интернетот и занимливости. Музичкиот дел од шоуто е содржан повеќе од актуелна и постара македонска музика, но се презентираат и најактуелните хитови од светската музичка сцена според плеј-листата на 106-ка.

10:00 - 14:00 WORLD BEAT
Секој работен ден во овој термин заедно со вас се Теона и Кире со интересни содржини од светот на научната технологија, автомобилизмот и филмот со нови хитови и 106-ка класики.

14:00 - 17:00 MUSIC MIX
Музички термин со најновите хитови и старите класики во продукција на Кире Христовски.

17:00 - 20:00 RADIO ACTIVE
Уште едно повеќегодишно музичко шоу кое го води и продуцира Милан Ризвановиќ. Терминот е резервиран за најновите хитови претежно теми кои веќе се, или ќе бидат актуелни на светскиот музички пазар. Со премиерно презентирање на најнови синглови, со детално секојдневно известување за сите случувања на сцената, информации за нови дискографски изданија, топ листи, или, како што вели слоганот со најдобриот микс на музика и се што се случува на сцената, заедно со вашиот Hitmaker.

Покрај овие термини секој ден на 106-ка се емитуваат и пократкотрајни рубрики, а некои од нив се:

- Спортски вести
Секој ден во следните термини: 09:15, 11:15, 13:15, 15:15 и 17:15 се емитуваат спортски вести со времетраење до 2 минути. Задолжен за спортските информации е Зоран Мишевски.

- Power Play
Ова е една песна која се емитува секој ден на секој сат почнувајќи од 10:00, а завршувајќи во 23:00 часот. Целта на оваа рубрика е од песната да се направи хит, што најчесто успева. Тоа е нова песна која предходно не била актуелна. Песната се менува неделно.

- Hot Tracks
Се емитува секој ден во 5 термини. Во оваа рубрика се презентираат сегменти од највртените хитови на 106-ка. Истите се менуваат неделно.

- IT News
Секој работен ден по 5 пати на ден ви ги пренесуваме најновите информации од сферата на информатичката технологија. Се за најновите гаџети, за истражувања, за компјутерите, за интернетот и слично.

- Tracking Science (Во Чекор со Науката)
На неколку наврати во текот на работниот ден ви донесуваме најнови информации од светот на науката.

- Филм на Радио (Филмски Вести)
Секој работен ден во 5 термини ви ги пренесуваме информациите од светот на филмот.

- На Денешен Ден
Секој работен ден ве потсетуваме на интересни настани од музичката историја.

- Hits Of The World (Хитовите на Светот)
Се емитува 6 пати на ден, а во оваа рубрика се презентира по еден Nо. 1 хит на официјална топ листа за синглови на било која земја во светот.

- Објавување на моменталната температура во градот
Се емитува преку целиот ден повеќе пати.

- Double Play (Две Песни,Едно Име)
Се емитува неколку пати на ден, а во рубриката се презентираат две песни по ред од познат артист или група.

- Три класики по ред
Со неколку емитувања на ден.

- Вести
Од понеделник до петок: 06:00, 07:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00, 16:00.
Во викенди: 06:00, 07:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00.

 







.


.
© made by BitolskaSema.com.mk team