|
|
Oва
е тимот на вашиот музички лидер:
Билјана Стефановска
Билјана е со вас секој работен ден од 07 до 10 часот во утринското
Breakfast Show и секој викенд во Happy Weekend во сабота и во недела
од 07 до 11 часот. Таа ве забавува и на крајот од секоја година
во нашето специјално Новогодишно Шоу, кое се емитува во последниот
ден од годината и е еден од најбараните женски вокали во Македонија
кога се работи за снимање на реклами.
Кире Христовски
Кире е новинар, продуцент и водител со долгогодишно искуство. Тој
е еден од продуцентите на Breakfast Show, Утрински Експрес, Поп
Монитор, Happy Weekend, 106 Treasures, World Beat како и на повеќе
секојдневни рубрики на 106-ка. Неговиот музички избор го слушате
секој ден на нашата фреквенција.
Марјан Христовски
Марјан е Директор, продуцент и маркетинг менаџер на Радио 106. Тој
е и продуцент на некои сегменти од нашата програма. Неговиот избор
на музика го слушате во различни делови од денот, но најчесто во
утринскиот дел и во програмата Ритамот На Светот.
Милан Ризвановиќ
(Milan Variable)
Милан е Главен и Одговорен Уредник, новинар, продуцент и водител
во 106-ка. Како продуцент/водител се јавува во Radio Active, Cacatua
Top 20 (најстарата радио топ листа во Македонија), Планета 106,
Music Week, Утрински Експрес, како и на повеќе секојдневни рубрики.
Неговиот музички избор го слушате во поголемиот дел од денот на
нашата фреквенција.
Зоран Мишевски
Зоран е познат долгогодишен новинар кој на 106ка е презентер на
спортските вести. Спортските вести на 106-ка се емитуваат секој
ден, а Зоран е чест посетител на сите светски и регионални спортски
настани за кои детално известува на нашата фреквенција.
Коче Христовски
Коче е еден од продуцентите на Спортските Вести, Утринскиот Експрес
и други делови од програмата на музичкиот лидер.
Стефан Димитровски
Стефан го слушате секоја недела од 15 до 16 часот во Поп Монитор,
долгогодишна емисија посветена на македонската музичка сцена, која
значи за најпрегледниот монитор на мак сцената. Реприза на емисијата
следете во понеделник во 20:00.
Теона Христовска
Теона е реализатор на дел од програмата на 106-ка.
Христијан Христовски
Христијан е маркетинг агент на Радио 106.
|
|
|