.


.









 

(sponsored by Cacatua Urban Look)
Ова е официјална топ листа на 106-ка на 20-те највртени најслушани и најбарани хитови. Топ листата е во продукција на Милан Ризвановиќ кој и ја води. Се емитува во сабота со старт во 19:00 часот. Еве го последното издание на топ листата:

739. издание, емитувано на 17. мај 2008.

20. CARLOS SANTANA FEAT. JENNIFER LOPEZ & BABY BASH - THIS BOY'S FIRE
19. PLUMB - IN MY ARMS
18. NATTY - COLDTOWN
17. NELLY FEAT. FERGIE - PARTY PEOPLE
16. THE MUSIC - STRENGTH IN NUMBERS
15. VANESSA CARLTON - HANDS ON ME
14. SARA BAREILLES - LOVE SONG
13. TAIO CRUZ - I CAN BE
12. MAROON 5 FEAT. RIHANNA - IF I NEVER SEE YOUR FACE AGAIN
11. SCHILLER FEAT. SEPTEMBER - BREATHE
10. DAVID VENDETTA FEAT. AKRAM - TAKE ME HIGHER
09. MADONNA, JUSTIN TIMBERLAKE AND TIMBALAND - 4 MINUTES
08. COLDPLAY - VIOLET HILL
07. MANN FEAT. SEAN KINGSTON - GHETTO GIRL
06. THE LAST SHADOW PUPPETS - THE AGE OF THE UNDERSTATEMENT
05. STEFANIE HEINZMANN - SUPERSTITION
04. SAM SPARRO - BLACK AND GOLD
03. KLEERUP FEAT. TITIYO - LONGING FOR LULLABIES
02. JAMIE LIDELL - LITTLE BIT OF FEEL GOOD
01. KRAAK & SMAAK FEAT. BEN WESTBEECH - SQUEEZE ME
(Прва недела на врвот)

Новитети за оваа недела:
JAMIE LIDELL - LITTLE BIT OF FEEL GOOD
DAVID VENDETTA FEAT. AKRAM - TAKE ME HIGHER
MANN FEAT. SEAN KINGSTON - GHETTO GIRL
NATTY - COLDTOWN
PLUMB - IN MY ARMS
SCHILLER FEAT. SEPTEMBER - BREATHE
SARA BAREILLES - LOVE SONG
VANESSA CARLTON - HANDS ON ME
THE MUSIC - STRENGTH IN NUMBERS

Доколку сакате и вашите фаворити да најдат место меѓу врвните 20 на 106ка, гласајте на 106@mol.com.mk! Гласајте за било која песна без разлика дали ја има на топ листата или не. Mожете претходно да ја разгледате плеј листата на 106ка, и од неа да одберете песна (или повеќе) за која мислите дека треба да ја има на Cacatua Top 20.


MUSIC WEEK
Ова е едночасовна емисија во која се презентираат сите поважни настани од изминатата недела на светската музичка сцена. Низ емисијата заедно со вас се Елена и Милан.

HAPPY WEEKEND
Се емитува секоја сабота и недела од 06:30 до 11:00 часот, а ги содржи скоро истите информации како и утринското шоу на 106-ка но прилагодени за викендот со многу повеќе информации од светот на шоу бизнисот, модата, културата...
Низ емисијата ве води Кире а техничката реализација е на Кочо Христовски

ПЛАНЕТА 106
Се емитува секоја сабота и недела од 11:00 до 15:00 часот. Покрај новите хитови и класиките, слушате интересни информации од сверата на медицината, науката, интернетот, бизнис информации и се што е интересно и актуелно. Информациите се од локално и глобално ниво. Низ емисијата со вас е целиот тим на 106-ка.

106 TREASURES
Како што самиот наслов на терминот вели ова се златните хитови низ музичката историја. Песни кои ја создавале историјата на популарната музика од 50-тите па наваму, многу од нив и заборавени хитови кои, како и новата музика чесо пати се големо освежување на радио. Терминот е во недела од 16:00 до 18:00 часот.

ROCK BLOCK
Секој понеделник од 20 до 21 часот - 60 минути чист стопроцентен рок. Претежно најнови рок теми но може да се слушне и по некоја класика.

LONGPLAY
Секој вторник од 20 до 21 часот - 60 минути резервирани за презентирање на студиски албуми од најпознатите артисти и групи.

ПОП МОНИТОР
Емисијата целосно посветена на македонската музичка сцена е најпрегледниот монитор на мак сцената. Ја следите секоја недела од 15 до 16 часот. Автор и водител е Стефан Димитровски, а продуцент е Кире Христовски. Ги слушате најголемите македонски хитови некогаш и сега, во комбинација со информации за актуелните настани на мак сцената, албумски рецензии, потсетување на настани од македонската музичка историја и дргуи содржини.

CARBON SOUND
Емисија за модерната електронска музика, која се емитува секој понеделник со почеток во 22 часот. Двочасовен термин низ кој ве води Тирицовски Илија (Тириц) со информации за нови изданија и клубски настани. Повеќе информации за емисијата ќе најдете овде.

BEATBOX
Секоја среда од 20:00 до 22:00 часот, емисија низ која слушате миксови со електронска, хип хоп и р&б музика. Миксаат Goran RLS и Milan Variable. Добредојдени се и сите ваши миксови. Доколку сакате да бидат презентирани во емисијата, праќајте ги во физичка форма (CD) на Крушевска 6 Г, 7 000 Битола или доставете ги директно во нашите студија.

TOP SPORT
Покрај секојдневните спортски вести на 106ка, во оваа тричасовна емисија ги слушате најинтересните информации и спортски резултати во живо. Топ спорт информаторот го слушате секоја сабота од 16:00 до 19:00 часот заедно со Никола Иванов.
CHART ZONE
Секоја Сабота и недела од 11 до 13 часот заедно со Филип Конески слушајте информации за сите познати албумски и сингловски топ листи во светот. Кои се најпопуларните хитови и албуми на топ листите сега и кои се очекуваат да бидат наскоро.

ULTRA LIFE
Секој четврток заедно со Билјана Кулевска со почеток од 20 часот. Спремајте се за викенд забавата и праќајте СМС пораки и информирајте ги сите за тоа каде е најдобрата журка овој викенд!

 







.


.
© made by BitolskaSema.com.mk team