.


.









 

Маркетинг:

Радио 106 е радио станица која поседува концесија од Советот за радиодифузија на Македонија и редовно го подмирува долгот кон СРДМ.
Својата програма ја емитува на 106,6 мегахерци на fm подрачјето.
Примарна цел е презентирање на најновата музика од двата најголеми музички пазари во светот, британскиот и американскиот музички пазар.
Секогаш со најновите вести од музичката сцена и секогаш презентирајќи ги новите песни пред било која друга радио станица.
Покрај најновите хитови се презентираат во помала мера и хитови од осумдесетите и девеесетите години, како и стари ретки класик хитови од популарната музика.

106-ка е неоспорно најслушаното радио во Битола со програма направена според стандардите за хит радио станица.
Музиката е застапена во следните музички стилови: поп, рок, ритам и блуз, хип хоп и денс.

Условите за рекламирање и спонзорства на 106-ка се поволни со цени адаптирани на локално ниво. Доколку сте заинтересирани за ценовникот, контактирајте со нас. Вашата реклама на Радио 106 нема да ја слуша само градот... преку нашата веб страница ја слуша и целиот свет. Ефективноста на вашата реклама е гарантирана а со тоа и вашиот успех.
Рекламните спотови се презентираат во три блока секој час, од седум часот наутро до единаесет часот навечер со тоа што редовни термини се:
07:05, 07:25, 07:45, 08:05, 08:25, 08:45 ...... 22:05.

Тел: ++389 47 228 106
Тел/факс: ++389 47 203 605
email: 106@mol.com.mk

 







.


.
© made by BitolskaSema.com.mk team