|
|
Најдобрите на 106ка:
Најдобрите на 106ка е годишно шоу кое се емитува во последниот ден од годината и во него се прогласуваат најдобрите артисти, групи и нивните изданија од цела година. Шоуто го започнавме во 2001. година со цел да ја направиме најголемата радио продукција во Македонија со ексклузивни матерјали и со цел ние да ги прогласиме најдобрите во годината, а не само да ги пратиме познатите светски церемонии од сличен тип, кои кажуваат кои се најдобрите секоја година. Шоуто наиде на огромна популарност и од 2001. година стана редовно на нашата феквенција. Во него, според последното издание, се прогласуваат најдобрите во 19 категории, во кои победниците ги одредува 106ка земајки ги предвид и вашите гласови, а во една категорија целосно победникот го одредувате вие слушателите на 106ка. Во последната 19-та категорија победникот е однапред познат - тоа е категоријата Специјално Признание за Животно Дело. Во категориите можат да бидат номинирани артисти, групи и нивните изданија, кои биле актуелни на 106ка во период од последните 14 месеци пред шоуто да се емитува. Тоа се последните 2 месеци од претходната година и сите 12 месеци од тековната. Рзагледајте ги номинираните и победниците во овие специјални шоу емисии, кои можите да ги слушате само на вашиот музички лидер!
Најдобрите во 2001
Најдобрите во 2002
Најдобрите во 2003
Најдобрите во 2004
Најдобрите во 2005
Најдобрите во 2006
Најдобрите во 2007
|
|
|