|
|
Oва е тимот на вашиот музички лидер:
Билјана Кулевска
Билјана е со вас секој викенд во Happy Weekend во сабота и во недела
од 07 до 11 часот. Билјана ја слушате и во рекламните спотови на
106.6 фм, а повремето и во Поп Монитор. Билјана работи и во Завод
Музеј и Галерија во Битола.
Елена Захариевска
Елена е водителка со сопствен дневен термин. Секој работен ден ја
слушате во Music In Control од 14 до 17 часот. Елена ја води и емсијата
Music Week, секоја недела од 18 часот. Како водителка се јавува
и во Утрински Експрес и во Планета 106. Елена е студент на Педагошкиот
факултет во Битола (одсек француски и македонски јазик).
Кире Христовски
Кире е продуцент, водител и менаџер на Радио 106 со долгогодишно
искуство. Тој е еден од продуцентите на Breakfast Show, Утрински
Експрес, Поп Монитор, Happy Weekend, 106 Treasures и Music In Control.
Кире можете да го слушате повремено во Поп Монитор, Утрински Експрес
и на рекламите и на џингловите на 106ка.
Маријан Христовски
Маријан е продуцент и маркетинг менаџер на Радио 106. Како извршен
продуцент се јавува во Поп Монитор, Планета 106, Breakfast Show,
Music In Control и Happy Weekend.
Милан Ризвановиќ
(Milan Variable)
Милан е продуцент, водител и уредник во Радио 106. Како продуцент
се јавува во Radio Active, Cacatua Top 20, Планета 106, 106 Treasures,
Longplay, Rock Block, Music Week, како и во рекламите и џингловите
на 106ка. Како водител Милан го слушате во Radio Active, Cacatua
Top 20, Планета 106 и Утрински Експрес. Работи и како DJ во локалните
ноќни клубови.
Веле Крстевски
Веле е еден од продуцентите на, Планета 106, Music In Control и
Happy Weekend.
Зоран Мишевски
Зоран е познат спортски новинар кој покрај ангажманите во други
медиуми, на 106ка е уредник и презентер на спортските вести. Спортските
вести секојдневно се емитуваат по пет пати.
Коче Христовски
Коче е еден од продуцентите на Радио 106, кој ја уредува ноќната
и утринската програма на 106ка. Коче е еден од продуцентите на Спортските
Вести, Утринскиот Експрес, Поп Монитор и други делови од програмата
на музичкиот лидер.
Tирицовски
Илија (Тириц)
Илија е автор и водител на емисијата Carbon Sound, која
се емитува секој понеделник со почеток во 22 часот, а која е посветена
на модерната музика и клубската сцена во Македонија.
Никола Иванов
Никола го слушате секој работен ден во World Beat заедно со Сезам,
во рекламните спотови и џингловите на 106ка, како и во спортскиот
термин Топ Спорт секоја сабота од 16 часот. Никола можете да го
слушате и во битолските клубови каде често пати презентира ретро
или house музикапод името Nikola
D.
Горан Релушковски
Горан (апсолвент на Техничкиот Факултет во Битола) е заедно со вас
секој работен ден од 10 до 14 часот како продуцент на World Beat
заедно со Сезам. Горан е еден од продуцентите и извршен продуцент
на шоуто Beat Box
и настапува како house диџеј под името Goran
RLS.
Стефан Димитровски
Стефан е студен на Факултетот за Новинарство во Скопје и работи
како новинар за еден локален весник. На 106-ка го слушате секоја
недела од 15 до 16 часот во Поп Монитор, емисијата посветена на
македонската музичка сцена.
Филип Конески
Филип учи во Средното Медицинско Училиште Др. Јован Калаузи во Битола,
работи како диџеј во клубови во Прилеп и Битола, а на 106-ка го
слушате секоја сабота и недела во терминот Chart Zone.
Соработници: Дијана Василевска, Александар
Јанкуловски (Yanski), Сашо
Ралевски (Sasho Recyd), Александар Трајчевски, Саботковски Зоран,
Димитар Мајковски...
|
|
|