05:00 - 07:00 УТРИНСКИ ЕКСПРЕС
Првите информации во денот ги слушаш на 106ка!
07:00 - 10:00 BREAKFAST SHOW(Заедно со ФАВОРИТ на 15 91)
ВАШИОТ ТАКСИ ФАВОРИТ...НА 15 91!
Ова е најслушаното утринско шоу во градот и содржините се поразновидни
од сите други емисии и термини на 106-ка, со информации за дневните
случувања во градот, информации од градските институции, вести од
земјата и светот, од науката, технологијата, интернетот и занимливости.
Музичкиот дел од шоуто е содржан повеќе од актуелна и постара македонска
музика, но се презентираат и најактуелните хитови од светската музичка
сцена според плеј-листата на 106-ка.
10:00 - 14:00 WORLD BEAT (Заедно со СЕЗАМ)
ИМА ЦЕНИ...И ИМА СЕЗАМ ЦЕНИ!
Секој работен ден во овој термин заедно со вас се Горан и Никола со интересни содржини од светот на забавата, со нови синглови и албумски траки. Одличен начин да ги поминете последните работни часови од денот - слушајки World Beat!
14:00 - 17:00 MUSIC IN CONTROL
Ова е музичко шоу во продукција на Кире Христовски, a посветен е
на најновите хитови и старите добри класики. Контролирајќи ја денешната
хит музика секогаш знаe да изненадi со некој подзаборавен хит. Информациите
се претежно од денешната странска и домашна музичка сцена, но не
се изоставени и информациите за филмот и занимливостите.
17:00 - 20:00 RADIO ACTIVE
Уште едно повеќегодишно музичко шоу кое го води и продуцира Милан Ризвановиќ. Терминот е резервиран за најновите хитови претежно теми кои веќе се, или ќе бидат актуелни на светскиот музички пазар. Со премиерно презентирање на најнови синглови, со детално секојдневно известување за сите случувања на сцената, информации за нови дискографски изданија, топлисти, или, како што вели слоганот со најдобриот микс на музика и се што се случува на сцената, заедно со вашиот Hitmaker.
Покрај овие термини секој ден на 106-ка се емитуваат и пократкотрајни рубрики, а некои од нив се:
- Спортски вести
Секој ден во следните термини: 09:15, 11:15, 13:15, 15:15 и 17:15 се емитуваат спортски вести со времетраење до 2 минути. Задолжен за спортските информации е Зоран Мишевски.
- Power Play
Ова е една песна која се емитува секој ден на секој сат почнувајќи од 10:00, а завршувајќи во 23:00 часот. Целта на оваа рубрика е од песната да се направи хит, што најчесто успева. Тоа е нова песна која предходно не била актуелна. Песната се менува неделно.
- Hot Tracks
Се емитува секој ден во следните термини: 09:48, 11:48, 14:48 и 17:48 часот.
Во оваа рубрика се презентираат сегменти од највртените хитови на 106-ка. Истите се менуваат неделно.
- Hits Of The World
Се емитува 6 пати на ден, а во оваа рубрика се презентира по еден Nо. 1 хит на официјална топ листа за синглови на било која земја во светот.
- Објавување на моменталната температура во градот
Се емитува преку целиот ден повеќе пати.
- Две Песни - Едно Име
Се емитува неколку пати на ден, а во рубриката се презентираат две песни по ред од познат артист или група.
- Три класики по ред
Со неколку емитувања на ден.
- Вести
Од понеделник до петок: 06:00, 07:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00, 16:00.
Во викенди: 06:00, 07:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00. |